Ниското ниво на самопочит не пречи само во напредувањето во кариерата, туку и го забавува личниот развој. Личноста со ниска самопочит не верува во себе и се плаши да преземе одговорност, со што одава впечаток на несигурна личност.
Кои навики придонесуваат кон намалување на самопочитта?
1. Барате одобрување
Ако секогаш ви е потребен мотивациски поттик од страна значи дека не верувате во тоа што го правите. Престанете да барате пофалба од другите и почнете трезвено да ја проценувате вашата работа. Кога вашата процена ќе стане ваша највисока вредност, тоа значи дека самопочитта е во добра состојба.
2. Се жалите
Доколку често се жалите најверојатно имате ниска самопочит. Навикнати сте од себе да правите жртва, а луѓето не сакаат да комуницираат со личност која постојано е негативна. Ќе почнат да ве избегнуваат, а со тоа вие уште повеќе ќе ја изгубите самодовербата.
3. Се натпреварувате
Здравата конкуренција е корисна, но константното ривалство во сите сфери е показател дека на вашата самопочит постојано ѝ требаат успеси и поттикнувања, за да не спадне на депресивно ниво.
Престанете за себе да мислите лошо или дека сте помалку вредни од другите и сфатете дека не можете да бидете подобри од сите. Прифатете се себеси какви што сте и одете напред.
4. Постојано се сомневате
Ако секогаш се сомневате во себе и сопствените постапки време е да ја поттикнете вашата самопочит. Замислете дека повеќето луѓе мислат дека вашиот нов стил е прекрасен, а само една завидлива личност не мисли така. Доколку мислењето длабоко ве погодува, значи имате проблеми со самодовербата.