
Шоуто за време на НБА Ол-стар доби нова димензија. За време на паузата на ревијалниот натпревар на најголемите ѕвезди од најсилната лига, јутјуберот MrBeast го одбра од публиката 18-годишниот Џарен Барахас, за да се натпреварува со Дамијан Лилард, еден од најдобрите шутери во НБА.
Натпреварувањето беше едноставно. За три и пол минути младичот мораше да погоди од центарот за да освои 100 илјади долари, а тој и Лилард шутираа наизменично. Останаа само 15 секунди, но американскиот навивач не успеваше да погоди и тогаш, токму кога се огласи сирената за ознака на преостанатото време, погоди од центарот за делириум на трибините и теренот на Chace Center во Сан Франциско.
Откако топката се одби од таблата во кошот, го гушкаа Шакил О'Нил и Кени Смит, а Стефен Кари се смееше од уво до уво.
100K AT THE BUZZER ‼️🚨💸
— NBA (@NBA) February 17, 2025
Jaren wins the @MrBeast $100,000 challenge 🤯 pic.twitter.com/DcI1hj6nxk
„Ова е надреално. Парите што ги заработив вака одлично ќе му дојдат на моето семејство, а и мене да штедам за факултет“, рече Џаред.
Но надреален е начинот на кој ги доби наведените пари. Го ставија во голем контејнер на центарот на салата, а маскотите на НБА клубовите потоа го засипаа со банкноти сè додека не му ја покрија главата. Цело време додека беше обсипуван со банкноти даваше изјави иако само главата му вирееше од купот долари.