Навивачи на Интер го каменуваа автомобилот на сопругата на Икарди

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е една од главните теми на италијанските медиуми откако Интер реши да му ја одземе капитенската лента, а сега се појави и веста дека навивачи на клубот ја нападнале неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара.

Според првичните информации, Ванда била пресретната од група навивачи во близина на стадионот Сан Сиро, кои почнале да го гаѓаат со камења нејзиниот автомобил во кој била заедно со децата

Била викната полициска служба што дошла веднаш и спречила поголем инцидент.

Италијанските медиуми пишуваат дека автомобилот на Ванда е целосно уништен од надвор, но за среќа нема повредени. Идентитетот на напаѓачите уште не е познат.

Ванда (32) и Мауро (25) како тандем направија низа проблеми во соблекувалната на Интер, поради што миланскиот клуб одлучи да му ја одземе капитенската лента на еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Навивачите на Интер ја обвинуваат токму неа за сите проблеми што се случуваат околу клубот, со оглед на тоа дека таа како менаџерка на Икарди го одолговлекува потпишувањето на неговиот нов договор, а исто така јавно ја коментира играта на одредени играчи, поради што дојде до поделба во тимот.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе