Навивачи за пофалба: Лозари за својот Тиквеш навиваа и од сред езеро

Навивачката култура во македонскиот фудбал не е на високо ниво. Среќа сезонава тука се кавадаречки Лозари да го подигнат нивото и разбијат монотонија.

Тиквеш синоќа гостуваше во Струга каде против истомениот противник на бреговите на Охридското Езеро одигра без голови и однесе драгоцен бод во Кавадарци.

Ако актерите на струшката публика не ѝ подарија некол гол на ладното време, за добра забава се погрижија гостите од Тиквешијата кои приредија вистинско шоу, какво што Стружани веројатно одамна немаат видено.

Бидејќи Струга настапува на стадионот „Градска плажа“ кој е на третолигашот Караорман, а тој е веднаш во плажата (оттаму и името), Кавадарчани тоа го искористија на многу оригинален и интересен начин.

Додека навивачката група Лозари правеше кореографија во ќошот од трибината, во делот за гостински навивачи, дел од нивните членови со две бротчиња доплевеа до стадионот и од вода направија бакљада.

Навистина ретка слика на македонската навивачка сцена која е за секоја пофалба.

Лозари не се активни од вчера, откако Тиквеш конечно се пласираше во Првата лига, туку веќе години наназад се зад својот миленик, дури и кога беше заглавен во подолните лиги.

Сезонава Тиквеш грчевито се бори за опстанок и моментално со 13 бодови е на 10. место, во зоната за бараж. Во ваква поддршка веруваме дека кавадарчани ќе се зибират за опстанок затоа што вакви навивачи ѝ недостасувата на Првата лига, а можеби ќе ги разбудат и останатите за поинтересна навивачка шареноликост.

Фото: Лозари Исток Кавадарци

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе