Навивачите на Малме гневни, го запалија споменикот на Ибра

Минатиот месец Малме му крена споменик, а потоа Ибрахимовиќ реши да инвестира во ривалот Хамарби. Тоа ги налути навивачите на Малме.

Статуата на Златан Ибрахимовиќ пред „Сведбанк“ стадионот во Малме беше вандализирана од група навивачи на Малме во знак на револт кон фудбалерот кој одлучи да купи четвртина акции од ривалскиот клуб Хамарби.

Претходно, главата на споменикот беше прекриена со кеса.

Ибрахимовиќ кариерата ја почна во Малме од каде преку сениорскиот тим замина во Ајакс. За Хамарби никогаш не играл туку одлуката да инвестира во тој клуб ја донел поради компанијата AEG чии луѓе ги запознал во Лос Анџелес.

Фудбалерот сметаше дека потегот е на Златан бизнисменот, а не на Златан фудбалерот и дека тоа во Малме ќе наиде на разбирање.

„Имам добри односи со клубот, отсекогаш сум имал. Ова нема никаква врска со мене како фудбалер. Мислам дека во Малме ќе бидат среќни за мене“, рече Ибра говорејќи за Aftonbledet.

Меѓутоа, се излажа. Кавех Хосеинпур, потпретседател на навивачката група на Малме, изјави дека Ибра многу погрешно ја проценил ситуацијата во која самиот се вовлече.

„Не слушнав никој да има позитивни мисли за ова. Сите се екстремно критични. Некои се разочарани, некои налутени, а други мислат дека е идиотски потег. Не е ова радосна вест за нас, тоа е погрешно и прави да се чувствуваме непријатно“, вели Хосеинпур за Fotbollskanalen.

„Изгледа има заборавено што тој значи за Малме. Погрешно проценил кога помислил дека во Малме ќе сме среќни за неговата инвестиција. Не сме среќни. Не верувам дека било кој е ни малку среќен“.

Навивачот вели и дека Златан не е толку голем во Малме колку што самиот смета. Го сакаат поради тоа што е од Малме и тоа што го направил за Шведска, но никој не се шета низ град со дрес од играч кој не игра за нивниот омилен клуб.

„Никој во Малме не се шета низ град во дрес од ЛА Галакси со Ибрахимовиќ на грбот. Тука се шетаме со Росенберг на грбот. Мислам дека тој го преувеличува тоа колку значи тој за нас. Така стојат работите“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе