Навивачите на Милан го затрупаа голот на Донарума со лажни долари
Дуелот меѓу Италија и Данска го одбележа скандал, кога навивачите на Милан му пратија неспортски поздрав на голманот Џиџи Донарума.
Младиот голман пред неколку дена одби да потпишен нов договор со Милан, поради што го навлече гневот на навивачите на клубот.
Тие на натпреварот Италија- Данска, најпрвин истакнаа транспарент „Доларума“, а потоа зад голот на кој стоеше Донарума фрлија голема сума на лажни долари.