Фудбал

Навивачите на Реал на претставувањето на Азар: Го сакаме Мбапе!

14. јуни 2019 - 9:35 | А.С.

Реал Мадрид вчера на стадионот Сантијаго Бернабеу го претстави својот нов играч Еден Азар и навивачите го дочекаа со огромна радост, знаејќи дека клубот отсекогаш бил сон на белгискиот фудбалер.

Меѓутоа, среде целата прослава, навивачите на „кралскиот клуб“ имаа и една силна порака до управата: сакаат уште едно големо засилување.

По многу шпекулации, Азар го облече дресот на Реал и беше претставен пред 50.00 навивачи, кои иако го дочекаа со одушевување и ентузијазам, упатија и гласен повик до управата: „Го сакаме Мбапе! Го сакаме Мбапе“.

Младиот напаѓач на ПСЖ Килијан Мбапе веќе подолго време го поврзуваат со мадридскиот клуб.

Коментирај