Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Макфакс/Кајгана
/ 12.02.2025 / 11:30

Транспарентот на трибините на „Итихад“ пред почетокот на натпреварот Манчестер Сити - Реал Мадрид привлече големо внимание.

„Престани да плачеш“ (Stop crying your heart out) и слика на Родри со Златната топка, логично сите ги асоцираше на Винисиус Жуниор. Бразилецот, барем според некои медиуми и неговиот клуб, беше главниот фаворит за Златната топка, која на крајот заврши во рацете на фудбалерот на Манчестер Сити, а Реал ја бојкотираше церемонијата на доделувањето.

„We are 1984“, навивачката група на Сити која го создаде транспарентот и го развиори на јужната трибина на „Итихад“, поттикнати од бројните толкувања дека пораката на транспарентот е наменета за Винисиус, се обрати до јавноста еден часот по полноќ.

„Никој во медиумите не сфати дека личноста на која ѝ е упатена пораката на транспарентот воопшто не беше на теренот. Пораката му беше наменета на Флорентино Перес. Тој беше човекот кој ја започна кампањата за оцрнување на Родри и бојкот на Златната топка. Пораката треба да се испрати без оглед на резултатот од натпреварот“.

Инаку, „Stop Crying Your Heart Out“ е позната песна на култниот манчестерски бенд „Oasis“, чии водачи, браќата Ноел и Лиам Галагер, се големи фанови на Сити.

Текстописецот Ноел одамна објасни дека сакал да испрати порака, дека со животот треба да се продолжи дури и во тешки времиња и дека била упатена до пријател кој поминувал низ тешка ситуација со своите деца.

Remote video URL
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Read more

Од понеделник ново депо на Пајак службата на ПОЦ

Read more

Четирите најлоши намирници што не треба да ги јадете навечер ако сакате да ослабете

Read more

Фудбал

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Read more

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Read more

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Read more

Олмо: Ја одбив Хрватска и не ми е жал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Читај повеќе

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Читај повеќе

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Читај повеќе

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Читај повеќе

Олмо: Ја одбив Хрватска и не ми е жал

Читај повеќе
  • play_arrow

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ со рекорден број поени за Лејкерс, Кари испиша историја со бројот на тројки

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид на удар за ѓубрето што го оставија на стадионот на Атлетико

Читај повеќе

Почнува новата Ф1 сезона: Хамилтон сака да ја прекине доминацијата на Верстапен

Читај повеќе