ЕВРОЛИГА 2024/2025

Навивачите на Звезда со жестоки навреди го избркаа американскиот амбасадор од Арената во Белград

Црвена звезда доживеа пораз од Фенербахче со 91:96 во натпреварот од Евролигата во Белград. Дуелот го одбележаа навредливите скандирања на домашните навивачи кон Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Србија, кој е пред пензионирање и заминување од таа земја.

Навивачите на Црвена звезда скандираа „Косово е Србија“ и развија знаме со истиот натпис и упатија низа навреди кон Хил: „Делије, Делије, ајде сите да го кренеме гласот, амбасадорот Кристофер да ни го п..и к.р.т“, ечеше во Арената во Белград.

Амбасадорот поради навредите ја напушти Арената на полувремето.

Телеграф додава дека навредите кон него не се единствената причина за ова. Според овој извор, во еден момент дел од навивачите се упатиле кон ложата во која седел Хил.

Кристофер Хил често ги гледаше натпреварите на Црвена звезда и Партизан, но ова очигледно му беше последен, бидејќи неговата кариера и мисијата во Србија завршуваат на 20 јануари.

Хил е познат американски дипломат. Во изминатите три години беше амбасадор на САД во Србија, а претходно беше на таа функција во Ирак, Јужна Кореја, Полска, Македонија и Албанија. Тој е еден од најодговорните за потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.

Тагови
реклама

Хаџибегиќ: Да го реализирав тој пенал, немаше да има војна во Југославија

Read more

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Read more

Украина: Севернокорејците се вратија во Курск, напаѓаа 16 часа без престан

Read more

Должи 28.000 долари за казни, а нема ни автомобил

Read more

Кошарка

Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар натпреварот

Read more

Дејвис во дебито се погрижи навивачите да го преболат заминувањето на Дончиќ

Read more

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Read more

Шек за дебелиот Дончиќ: Подобар е од 99,9% од НБА бековите

Read more
 

Спорт

Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е Скудетото

Читај повеќе

Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар натпреварот

Читај повеќе

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Невидени проблеми за Реал: Кралевите без одбрана патуваат на соочување со Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Филаделфија Иглс го декласираше Канзас Сити Чифс и го освои Супербоулот

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаџибегиќ: Да го реализирав тој пенал, немаше да има војна во Југославија

Читај повеќе
  • play_arrow

Фишер го урна светскиот рекорд на 3.000 метри во сала

Читај повеќе
  • play_arrow

Дејвис во дебито се погрижи навивачите да го преболат заминувањето на Дончиќ

Читај повеќе

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе