Навивачите во Бундеслига: Клоп е „гробар на германскиот фудбал“

Во својата тренерска кариера Јирген Клоп постигна бројни успех. Мајнц го донесе во Бундеслигата, ја освои двапати со Борусија Дортмунд, а со Ливерпул беше шампион на Премиерлигата и Лигата на шампиони. На крајот на минатата сезона, тој се збогува со клупата, а од 1 јануари ќе стане глобален шеф на фудбалот за Ред Бул.

Трофејниот тренер на првиот ден од јануари ќе започне да ги советува сите клубови во сопственост на Ред Бул. Ќе помогне во тренирањето, развој на фудбалска филозофија, развој и донесување тренери и играчи и слични задачи за РБ Салцбург, Њујорк и бразилски Браганин. Истата компанија има дел во Лидс, а го финансира и Лајпциг.

Со прифаќање на новата улога и договорена двегодишна соработка на новата работа, Клоп го разбуди гневот на некои од фановите. На натпреварот Кил и РБ Лајпциг, неговата глава беше една од четирите на кои пишуваше „гробари на германскиот фудбал“.

Лајпциг го заобиколи законот

Клубовите во Германија треба да функционираат според правилото од 50+1, што значи дека членовите, или навивачите имаат мнозински пакет и одлучуваат за некои работи. Цената на билетите е една од нив. РБ Лајпциг беше обвинет дека го искористил системот со тоа што имал само 17 члена со вистински глас, најмногу поврзани со Ред Бул и го заобиколил законот според кој клубовите не треба да носат имиња на спонзорите.

Лајпциг има РБ пред името на клубот, што многумина го поврзуваат со спонзорот без да прифатат дека оваа кратенка всушност значи RasenBallsport (спорт со топка на трева). Другите тројца на транспарентот покрај Клоп беа поранешниот прв човек на клубот Оливер Минцлаф и финансиерите Мартин Кинд и Дитмар Хоп.

Клоп се брани

Против Клоп, гласот веќе го подигнаа навивачите на Мајнц.

Тие на транспарент напишаа: „Зарем заборави сè што ти дадовме?“

Клоп тогаш се бранеше велејќи дека ги сака сите свои поранешни клубови и не сака да повреди никого.

„Не знам што требаше да направам за да бидат сите среќни. Имам 57 години и уште неколку години пред мене. Не се гледам себеси на терен во моментов, но беше јасно дека нешто ќе работам. Потоа дојде понудата од Ред Бул...“, рече Клоп во подкастот на Тони Крос.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Фудбал

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Read more

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе