Навивачите во Норвешка жестоко го нападнаа Хoланд: Игра за валкани, крвави пари

Трансферот на Ерлинг Хoланд (22) од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити не беше толку добро прифатен во Норвешка, а на неодамнешниот натпревар помеѓу Брајн и Бран, гостинските навивачи му испратија жестока порака.

Со транспарентот што го закачија, навивачите на Бран посебно ја критикуваа преселбата на Холанд во Манчестер Сити, кој припаѓа на групацијата Abu Dhabi United, инвестициска групација од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), земја која со години е обвинувана за кршење на човековите права.

„Браут игра за валкани, крвави пари. Има само еден Холанд", пишуваше на транспарентот на навивач на Бран.

Браут е средното име на Ерлинг Холанд, а со пораката „еден Холанд“, навивачите на Бран алудираат на нивниот млад играч Маркус Холанд (17).

„Холанд не може да ги избегне критиките иако е најголемата ѕвезда. Можеше да избере кој било клуб во светот. Не требаше да избира кој клуб е најлош во однос на ‘спортското перење’", изјави Ерленд Итре Арне Вагане, портпарол на навивачите на СК Бран.

„Спортско перење“ е термин што се користи за земја или компанија која се обидува да го искористи спортот за да ја подобри својата репутација и меѓународниот имиџ. Освен ОАЕ, други земји како домаќинот на Светското првенство Катар, Бахреин и Саудиска Арабија исто така се соочуваат со такви обвинувања.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе