Кошарка

НБА: 10 победи по ред за Јута Џез

13. февруари 2018 - 8:50 | К.З.

Само 6 натпревари беа на програмата на НБА лигата во вчерашната вечер, од кои во поголемиот дел фаворитите ги оправдаа нивните улоги. Единственото изненадување се случи во Јута, каде тимот на Џез триумфираше против Сан Антонио Спарс.

Сан Антонио Спарс ја одиграа скоро цела сезона без нивниот најдобар играч, Кавај Ленард, а тренерот Попович одлучи дека ќе го одмори и Ламаркус Олдриџ, кој веќе подолго време игра под повреда.

Јута Џез го совлада тимот на Сан Антонио Спарс со резултат 101:99, забележувајќи ја десеттата победа по ред. Тимот на Џез најде нова ѕвезда во нивниот избор од минатогодишниот драфт, Донован Мичел. Тој и вчера беше најдобар поединец на Јута на теренот, постигнувајќи 25 поени, притоа додавајќи 7 скока и 5 асистенции. Дерик Фејворс продолжи со одличните игри во оваа сезона, забележувајќи 19 поени и 7 скока.

Составот на Спарс беше десеткуван, без повредените Кавај Ленард и Ламаркус Олдриџ, и ниту еден од играчите не успеа да ја замени нивната офанзивна продукција. По Гасол ветерански успеа да го предводи овој тим, со 15 поени и 15 скока.

 

 

Останати резултати:

Детроит Пистонс – Њу Орлеанс Пеликанс 103:118

Филаделфија Сиксерс – Њујорк Никс 108:92

Њу Џерси Нетс – Лос Анџелес Клиперс 101:104

Чикаго Булс – Орландо Меџик 105:101

Голден Стејт Вориорс – Феникс Санс

Коментирај