НБА: 14 гостински победи во серија за Вориорс

Вчерашната вечер во НБА лигата понуди 10 натпревари на програмата, а неколку од натпреварите донесоа голема возбуда и неизвесност. Во еден од нив, екипата на Голден Стејт Вориорс успеа да стигне до 14-та гостинска победа во серија, на гостувањето кај Чикаго Булс.

Во составот на Вориорс фалеа Дрејмонд Грин и Андре Игудала, но тоа не ги спречи останатите играчи од тимот да дојдат до очекувана победа против Чикаго Булс, со резултат 119:112.

На грбот на „Браќата Сплеш“, Стеф Кари и Клеј Томпсон, Голден Стејт Вориорс стигна до 14-та гостинска победа по ред и успеа да го „скроти“ залетаниот тим на Чикаго Булс. Кари постигна 30, а Томпсон 38 поени во вчерашниот меч, но она што го загрижи тимот на Вориорс е повредата на Џордан Бел, кој уште во првата минута лошо доскокна на зглобот и мораше да биде изнесен во количка.

Кај Чикаго Булс најефикасен беше Никола Миротиќ, кој од клупата имаше уште една импресивна партија во која за 27 минути постигна 24 поени. Крис Дан додаде 16 поени, а Лаури Марканен допринесе со 11 поени и 8 скока.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Вашингтон Визардс 133:109

Атланта Хокс – Њу Орлеанс Пеликанс 94:93

Бруклин Нетс – Сан Антонио Спарс 95:100

Торонто Репторс – Детроит Пистонс 96:91

Мемфис Гризлис – Њујорк Никс 105:99

Милвоки Бакс – Мајами Хит 101:106

Оклахома Сити Тандер – Лос Анџелес Лејкерс 114:90

Сакраменто Кингс – Јута Џез 105:120

Лос Анџелес Клиперс – Денвер Нагетс 109:104

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе