НБА: 43 поени на Кемба Вокер за триумф над Бостон Селтикс

Иако тимот на Бостон Селтикс очекуваше лесна победа од гостувањето кај Шарлот Бобкетс, но „нагази“ на расположениот Кемба Вокер, кој со уште едно херојско издание ја одржува надежта дека неговиот тим ќе стигне до место во плејофот од Источната конференција.

Составот на Шарлот Бобкетс се избори за многу значајна победа против Бостон Селтикс со конечен резултат 117:112.

Синоќа Кемба Вокер повторно беше незапирлив и постигна 43 поени, со што забележа вкупно 103 поени во двата последни натпревари. Тој беше главниот поентер во составот на Бобкетс, а квалитетна поддршка доби единствено од Џереми Лемб и Вили Хернангомез, кои постигнаа 18, односно 14 поени.

Уште една вечер и уште една одлична партија за Кајри Ирвинг  - тој вечерта ја заврши со 27 поени и 11 асистенции, но шутираше само 1/8 од зад линијата за три поени и на крајот тоа се покажа како решавачката разлика помеѓу неговиот тим и Шарлот Бобкетс. Нешто подобра ефикасност покажа Џејсон Тејтум, но неговите 18 поени не беа доволни за да го спаси тимот на Селтикс од пораз.

Останати резултати:

Детроит Пистонс – Кливленд Кавалирс 113:102

Индијана Пејсерс – Јута Џез 121:94

Филаделфија Севентисиксерс – Феникс Санс 119:114

Атланта Хокс – Лос Анџелес Клиперс 119:127

Мемфис Гризлис – Далас Маверикс 98:88

Милвоки Бакс – Денвер Нагетс 104:98

Њу Орлеанс Пеликанс – Сан Антонио Спарс 140:126

Сакраменто Кингс – Оклахома Сити Тандер 117:113

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе