НБА: 51 поен за Леброн и нова победа за Лејкерс

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс полека влегува во формата која се надеваше дека ќе ја има кога Леброн Џејмс пристигна во Калифорнија. Најдобриот играч на светот синоќа уште еднаш докажа дека годините не му претставуваат пречка и сѐ уште е главното шоу во НБА лигата.

Леброн Џејмс се врати во Флорида и со тимот на Лос Анџелес Лејкерс стигна до победа против Мајами Хит со резултат 113:97.

Пред Леброн да пристигне во Калифорнија, последниот играч кој стигна до 50 поени во дресот на Лејкерс беше Коби Брајант. Од синоќа, Лејкерс имаат нов член на „клубот 50“ – Кралот Џејмс. Тој забележа 51 поен и 8 скока и го предводеше гостинскиот тим до победа против неговиот поранешен тим Мајами Хит. Ниту еден друг играч на Лејкерс не постигна ни 20 поени, најблиску дојде Кентавиус Колдвел-Поуп, кој го заврши мечот со 19 поени.

Домаќините играа без неколку стандардни првотимци и не успеаја да го надополнат недостатокот на квалитет во составот. Без Горан Драгиќ, Дион Вејтерс и Двејн Вејд составот на Хит не беше доволно добар противник и загуби убедливо на домашен терен. Најдобар поединец на Мајами беше Џош Ричардсон, кој забележа 17 поени и 6 скока, а истиот учинок го имаше и Тајлер Џонсон.

Останати резултати:

Минесота Тимбервулвс – Мемфис Гризлис 87:100

Орландо Меџик – Њујорк Никс 131:117

Вашингтон Визардс – Портланд Трејл Блејзерс 109:119

Сан Антонио Спарс – Голден Стејт Вориорс

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе