Кошарка

НБА: Антирекорд на Њујорк Никс

12. февруари 2019 - 9:39 | МИА/КАЈГАНА

Кошаркарите на Њујорк Никс ноќеска загубија на гостувањето кај Кливленд со 107:104 и поставија клупски „антирекорд“.

За Никс ова беше 17. пораз во низа, што е најдолга серија во нивната НБА историја.

Њујорк Никс оваа сезона има одиграно 56 натпревари и забележано само 10 победи наспроти 46 порази.

Со овој биланс тимот е последен во Источната конференција и има најслаб скор воопшто од сите екипи.

Тимот е аутсајдер на НБА. Оваа сезона постигна само 10 победи во 56 натпревари.

Коментирај