НБА: Бостон на чекор до НБА финале

Синоќа се одигра натпревар од финалната серија на Источната конференција помеѓу Бостон Селтикс и Кливленд Кавалирс, во кој домашниот тим успеа да стигне до победа и повторно го презема водството, со што направи исчекор кон НБА финалето.

Бостон Селтикс на домашен терен стигна до победа против Кливленд Кавалирс со резултат 96:83 и поведе со 3-2 во серијата.

Составот на Бостон продолжува да го предводи Џејсон Тејтум, кој вчера беше најефикасен во неговиот тим со 24 поени, на кои додаде и 7 скока, 4 асистенции, 4 украдени топки и 2 блокади. Повеќе од солиден беше и Ал Хорфорд со 15 поени и 12 асистенци, а неговото искуство е бесценето на паркетот секоја вечер. Џејлен Браун уфрли 17 поени како стартер, додека Маркус Морис и Маркус Смарт од клупата постигнаа по 13 поени.

Кливленд Кавалирс се во хаотична состојба и никако да стигнат до добар натпревар на гостински терен. Синоќа дури и Леброн Џејмс делуваше без здив и имаше еден од полошите натпревари во овој плејоф со 26 поени и 10 скока, а притоа погоди само една тројка од 6 обиди. Во целиот состав само уште еден играч постигна двоцифрен број на поени – Кевин Лав, кој имаше 14 поени и 7 скока.

НБА финалето изгледа многу далечно за Кливленд Кавалирс и многу е тешко да се поверува дека тим во ваква состојба би можел да направи исчекор и да го победи Бостон во седмиот натпревар, секако, доколку воопшто стигне до седми натпревар.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе