НБА: Бостон се пласираше во финалето на Источната конференција

Со триумфот во синоќешниот натпревар против Филаделфија Севентисиксерс, тимот на Бостон Селтикс стигна до четврта победа во серијата и се пласираше во финалето од Источната конференција, каде ги чека дуел со Леброн Џејмс и тимот на Кливленд Кавалирс.

Тимот на Бостон Селтикс пред домашната публика стигна до победа против Филаделфија Севентисиксерс со конечен резултат 114:112.

Селтикси втора година по ред го најдоа патот до Источното финале, откако синоќа ја забележаа четвртата победа во петтиот натпревар во серијата против Севентисиксерс. Иако на почетокот на серијата малкумина им даваа шанса, сепак тренерот Бред Стивенс и неговата група од играчи покажаа дека тимот со победничка ДНК секогаш ќе биде оној кој се радува на крајот од денот. На врвот на листата на стрелци беше импресивниот новајлија Џејсон Тејтум кој постигна 25 поени, а еден помалку од него забележа Џејлен Браун.

Во тимот на Филаделфија индивидуално се истакнаа Дарио Шариќ и Џоел Ембиид, кои постигнаа по 12 поени, а и двајцата имаа двоцифрен број скокови. Уште еден солиден натпревар одигра потенцијалниот Новајлија на годината, Бен Симонс, забележувајќи 18 поени, 8 скока и 6 асистенции.

Првиот натпревар од финалето во Источната конференција ќе се одигра во недела од 21:30 часот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе