НБА: Дејвис доминираше против резервниот тим на Селтикс

Вчерашната вечер во НБА лигата донесе само 4 натпревари, но тие беа доволни за да испишат уште една возбудлива ноќ во најатрактивната кошаркарска лига во светот.

Њу Орлеанс Пеликанс на домашен терен го совладаа тимот на Бостон Селтикс со резултат 108:89.

Ентони Дејвис го предводеше тимот на Пеликанс до нова победа и зацврстување на позицијата во борбата за плејоф во Западната конференција. Тој постигна 34 поени и фати 11 скока, со што беше најдобар во двете статистички категории во натпреварот. Ражон Рондо како дел од првиот тим се покажа како добар плејмејкер, забележувајќи 11 асистенции.

Тимот на Бостон Селтикс се бори со повреди, а вчера отсустваа дури 5 играчи кои се дел од стандардната ротација, од кои дури тројца ја имаат улогата на стартери. Без Ирвинг, Хејворд, Браун, Смарт и Тајс, Селтикси не можеа многу да направат, иако одличен натпревар одигра новајлијата Џејсон Тејтум, кој постигна 23 поени. Ал Хорфорд, кој се очекуваше да биде предводник на тимот од Бостон во периодот кога Кајри Ирвинг е повреден, разочара и имаше катастрофален шут од поле 3/11.

Останати резултати:

Торонто Репторс – Оклахома Сити Тандер 125:132

Минесота Тимбервулвс – Хјустон Рокетс 120:129

Лос Анџелес Клиперс – Портланд Трејл Блејзерс 109:122

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе