НБА: Дурент и Ирвинг заедно во Бруклин, Бостон „се утеши“ со Кемба Вокер

Најголемото име помеѓу слободните играчи во НБА ја објави неговата одлука да потпише четиригодишен договор со Бруклин Нетс, а заедно со него во тимот на „мрежичките“ доаѓа и Кајри Ирвинг. Само во првиот ден од преодниот рок за слободни агенти клубовите од лигата потрошија околу две милијарди долари.

Договорот помеѓу Бруклин Нетс и Кевин Дурент најпрво одекна преку ESPN, преку објава на телевизијата дека двократниот МВП на финалето потпишува четиригодишен договор вреден 164 милиони долари.

Заедно со Кевин Дурент, од Бруклин Нетс беше најавено дека со клубот потпишува и плејмејкерот Кајри Ирвинг, исто така на четиригодишен договор, но неговиот вреден вкупно 141 милиони долари. А на двајцата играчи им се приклучи и центарот-ветеран Деандре Џордан, кој во наредните четири сезони ќе заработува по 10 милиони долари годишно.

Тимот на Голден Стејт Вориорс сигурно ќе жали поради тоа што го загуби Кевин Дурент, но тие брзо најдоа нов Ол Стар играч кој ќе се придружи на триото Стеф Кари – Клеј Томпсон – Дрејмонд Грин. Се работи за Дианџело Расел, кој со Бруклин потпиша четиригодишен договор вреден 117 милиони долари и веднаш беше трејдуван во Вориорс, заедно со Шабаз Напиер и Тревеон Греем. Поради оваа зделка, Вориорс мораа да се ослободат од Андре Игудала, кој беше трејдуван во Мемфис Гризлис, заедно со пик од НБА драфтот од 2024 година.

Балканските играчи можат уште отсега да бидат прогласени за победници од овој преоден рок, бидејќи голем дел од нив ги „наполнија џебовите“ со американски долари. Тоа посебно важи за Никола Вучевиќ, кој доби 100-милионски договор со Орландо Меџик, што ќе го задржи во тимот во наредните четири години. Бојан Богдановиќ се приклучи на амбициозниот тим на Јута Џез, потпишувајќи исто така четиригодишен договор вреден 73 милиони долари.

Не само што Филаделфија успеа да го задржи јадрото на тимот преку потпишување на петгодишен договор со Тобајас Херис вреден 180 милиони, туку и го засили составот со елитниот центар Ал Хорфорд, кој во наредните четири години ќе заработи 109 милиони долари. Далас Маверикс, пак, се договори за продолжување на соработката со Кристапс Порзингис преку четиригодишен договор вреден 158 милиони долари.

Иако Њујорк Никс изгледа како атрактивна дестинација за повеќето слободни играчи, веќе трета година по ред ги испушта најголемите имиња на пазарот и на крајот завршува со скапи договори за играчи кои не се ни близу до самиот врв во лигата. Овојпат, за Никс потпишаа Џулиус Рендл (3 години/63 милиони), Боби Портис (2 години/31 милион), Таџ Гибсон (2 години/20 милиони) и Реџи Булок (2 години/21 милион).

За крај, Кемба Вокер соопшти дека потпишува четиригодишен договор со Бостон Селтикс, кој ќе му донесе 141 милиони долари на сметката, додека Џими Батлер отиде во Мајами Хит за четиригодишен договор вреден 142 милиони долари. Рики Рубио, кој немаше тим откако Јута се откажа од него, потпиша за Феникс Санс за три години и 51 милиони долари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе