НБА финале: Повредата на Дурент фрли сенка над победата на Вориорс

Пред почетокот на сезоната веројатно никој не се надеваше на вакво финале, а денеска веќе сме сведоци дека НБА е најзабавната лига во светот – во поглед на квалитет, но и во поглед на забава, драма и сите приказни кои ја опкружуваат. Синоќа тимот на Голден Стејт Вориорс „украде“ натпревар на гостински терен и барем за момент се врати во финалната серија.

Составот на Голден Стејт Вориорс ја намали предноста на Торонто Репторс во финалето на НБА лигата, благодарение на гостинската победа од 106:105 која ја обезбеди синоќа.

Во стартната петорка на шампионот се врати Кевин Дурент, кој ги пропушти првите четири натпревари поради повреда, но синоќа одигра нешто помалку од 12 минути пред да го напушти натпреварот со нова повреда, овојпат на зглобот од ногата. Сепак, шампионското срце на Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин издржа, па тие успеаа некако да го донесат тимот до победа. Кари беше најдобар поединец кај гостите, со 31 поен, 8 скока и 7 асистенции, а Томпсон постигна 26 поени.

Публиката во Торонто обично важи како страсна, но фер група на луѓе. Овојпат тоа не беше така, бидејќи тие почнаа да се радуваат и да го исмеваат Кевин Дурент кога се повреди. Кајл Лаури, како и играчите од составот на Вориорс, ја замолија публиката да престане да го исвиркува Дурент додека тој го напушташе теренот.

Канадскиот тим и понатаму има водство од 3:2 во финалната серија, но по овој натпревар можеби треба да размислат како да победат веќе во следната средба, бидејќи оставање на работата за последниот натпревар пред домашната публика би можело да биде кобно за Репторс. Уште еднаш, Кавај Ленард имаше одличен натпревар кој го заврши со 26 поени и 12 скока, а не беше лош ниту Кајл Лаури, кој постигна 18 поени. Сепак, потфрлија Паскал Сијакам и Дени Грин, кои вкупно уфрлија само 16 поени, иако беа дел од стартната петорка.

Следниот натпревар ќе се одигра во Оукленд, каде Голден Стејт Вориорс ќе се обиде пред домашната публика да оствари победа која би ја израмнила серијата на 3:3. За жал, веројатно нема да можеме да го гледаме Кевин Дурент до крајот на серијата, бидејќи неговата повреда изгледа многу сериозно.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе