Кошарка

НБА: Хјустон немилосрден против Јута

15. април 2019 - 8:51 | МИА/КАЈГАНА

Екипите на Хјустон и на Милвоки поведоа со 1-0 во првиот натпревар од 1. коло во НБА плејофот.

Хјустон ноќеска во „Тојота центар“ немилосрдно ја совлада Јута со 122:90. Џејмс Харден со 29 поени, 10 асистенции и осум скока ги предводеше „ракетите“ до убедливата победа.

Најдобриот тим по лигашкиот дел, Милвоки Бакс на домашен терен го победи Детроит Пистонс со 121:86.

Јанис Адетокунбо имаше дабл-дабл ефект со 24 поени и 17 скока.

Пласман во следната етапа ќе обезбедат екипите кои први ќе стигнат до четири победи.

Коментирај