Кошарка

НБА: Хјустон загуби на гостински терен кај Јута

7. декември 2018 - 10:46 | К.З.

Само три натпревари беа на програмата на НБА лигата синоќа, од кои како највпечатлив го издвојуваме дуелот помеѓу Јута Џез и Хјустон Рокетс, кој заврши со пораз на минатогодишниот финалист во Западната конференција.

Тимот на Хјустон Рокетс загуби на гостински терен против Јута Џез со резултат 118:91, иако доминантно ја доби четвртата четвртина со 35:27.

Лошите партии на Џејмс Харден скоро секогаш завршуваат со пораз на Хјустон Рокетс, а ништо поинаку не беше ниту синоќа. Минатосезонскиот МВП на лигата постигна 15 поени и погоди само 5 од 16 шутеви упатени од поле. Не само што не беше ефикасен на поентерски план, туку Харден имаше само 2 асистенции и 7 загубени топки.

Изненадувањето за Јута Џез дојде од клупата, во форма на крилниот центар Дерик Фејворс, кој синоќа забележа 24 поени и 10 скока. Тој го замени центарот Руди Гобер, кој одигра само две минути и потоа мораше да го напушти натпреварот. Повеќе од солиден беше и Австралиецот Џо Инглс, кој го заврши мечот со 18 поени, 6 скока и 3 асистенции.

Останати резултати:

Бостон Селтикс – Њујорк Никс 128:100

Портланд Трејл Блејзерс – Феникс Санс 108:86

Коментирај