НБА: Ирвинг постигна 47 поени за 16-та последователна победа на Селтикс

Вчера вечерта на НБА терените се одиграа дури 11 натпревари, а Бостон Селтикс дојдоа до очекувана победа на гостувањето кај Далас Маверикс, иако им требаше едно продолжение за да го направат тоа.

Бостон Селтикс славеа на гостувањето во Тексас, против тимот на Далас Маверикс, со резултат 110:102. До овој резултат се дојде преку едно продолжение.

Кајри Ирвинг го имаше својот најдобар натпревар во дресот на Селтикс, постигнувајќи 47 поени со само 22 шута од поле. Тој погоди 5 од 7 упатени тројки и промаши само едно слободно фрлање од 11 обиди на патот кон победата против Маверикс.

Добра поддршка имаше и од Џејлен Браун, кој постигна 22 поени, а имаше и 9 скока.

Во тимот на Далас Маверикс најдобар поединец беше Харисон Барнс, со 31 поен, а солиден беше и ветеранот Дирк Новицки, кој уфрли 14 поени и 12 скока.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Минесота Тимбервулвс 118:102

Детроит Пистонс – Кливленд Кавалирс 88:116

Орландо Меџик – Индијана Пејсерс 97:105

Филаделфија Сиксерс – Јута Џез 107:86

Њујорк Никс – Лос Анџелес Клиперс 107:85

Мемфис Гризлис – Портланд Трејл Блејзерс 92:100

Милвоки Бакс – Вашингтон Визардс 88:99

Сан Антонио Спарс – Атланта Хокс 96:85

Сакраменто Кингс – Денвер Нагетс 98:114

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе