Кошарка

НБА: Кливленд го доби дербито против Оклахома

14. февруари 2018 - 8:54 | К.З.

Од сите 6 натпревари кои беа на програмата на НБА лигата вчера, најочекуван беше дуелот помеѓу Оклахома Сити Тандер и Кливленд Кавалирс и тој успеа дури да ги надмине очекувањата.

Гостите од Кливленд го добија мечот против Оклахома Сити Тандер со резултат 120:112.

Домашниот тим дојде подготвен на натпреварот, и голем дел од играчите имаа сосем солидни натпревари, но тоа не беше доволно за да се запрат „залетаните“ Кливленд Кавалирс. Леброн Џејмс имаше уште еден натпревар со кој проба да му го украде МВП трофејот на Џејмс Харден, забележувајќи 37 поени, 8 скока и 8 асистенции. По четврти пат во серија стартер за Кавалирс беше охриѓанецот Чеди Осман, кој и овојпат му помогна на тимот, одигрувајќи 14 минути.

Дури четворица играчи на Оклахома Сити Тандер го завршија натпреварот со повеќе од 20 поени, но одговорот за поразот лежи во фактот што само уште двајца поени постигнаа поени за Тандер освен овие четворица. Пол Џорџ беше најефикасен, со 24 поени, додека Расел Вестбрук додаде 21 поен и 12 асистенции.

Останати резултати:

Торонто Репторс – Мајами Хит 115:112

Милвоки Бакс – Атланта Хокс 97:92

Минесота Тимбервулвс – Хјустон Рокетс 108:126

Далас Маверикс – Сакраменто Кингс 109:114

Денвер Нагетс – Сан Антонио Спарс 117:109

Коментирај