Дваесет тимови вчера играа на терените низ НБА лигата, а во скоро сите натпревари победи остварија фаворитите. Еден од најдобрите натпревари на вечерта ги имаше Леброн Џејмс, кој го одведе Кливленд до 13-та победа по ред.
Кливленд Кавалирс на домашен терен го совлада тимот на Сакраменто Кингс со резултат 101:95.
Победата за Кливленд ја донесе Леброн Џејмс, кој уште еднаш покажа дека иако ја игра 15-та сезона во НБА лигата, сепак е подготвен да атакува на наградата МВП на лигата. Во синоќешниот натпревар тој постигна 32 поени, а притоа додаде и 11 скока, 9 асистенции и шутираше 5/8 за три поени, од кои последната беше за победа во натпреварот.
Кај тимот на Сакраменто отпор даде само ветеранот Зек Рендолф, кој забележа 18 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз.
Останати резултати:
Индијана Пејсерс – Чикаго Булс 98:96
Орландо Меџик – Атланта Хокс 110:106
Бостон Селтикс – Далас Маверикс 97:90
Њујорк Никс – Мемфис Гризлис 99:88
Шарлот Хорнетс – Голден Стејт Вориорс 87:101
Милвоки Бакс – Детроит Пистонс 104:100
Њу Орлеанс Пеликанс – Денвер Нагетс 123:114
Сан Антонио Спарс – Мајами Хит 117:105
Лос Анџелес Клиперс – Минесота Тимбервулвс 107:113