НБА: Леброн донесе победа со звукот на сирената

Дури 4 натпревари беа на програмата на НБА лигата синоќа, по два од Источната и Западната конференција. Тимот на Хјустон Рокетс обезбеди пласман во втората рунда, додека во Кливленд мечот се решаваше во трилер завршница која беше во режија на Леброн Џејмс.

Тимот на Кливленд Кавалирс пред домашната публика дојде до победа против Индијана Пејсерс со резултат 98:95.

Леброн Џејмс најпрво го блокираше положувањето на Виктор Оладипо, за потоа да отиде на другиот крај на теренот и да ја погоди решавачката тројка со звукот на сирената, која донесе победа за домашниот тим. Со тоа, тој ја заврши вечерта со 44 поени, 10 скока и 8 асистенции, а притоа ги погоди и сите слободни фрлања, што е нетипично за него. Кајл Корвер беше преместен во стартната петорка и тој постигна 19 поени, додека од клупата немаше ниеден играч со двоцифрен број поени.

Во тимот на Индијана Пејсерс потфрлија сите освен Домантас Сабонис, кој мечот го заврши со 22 поени и 5 скока. Најдобриот играч на Пејсерси, Виктор Оладипо, погоди само 2 од 15 шута од поле и на крајот од вечерта имаше 12 поени, 12 скока и 4 асистенции.

Од останатите натпревари вреди да се издвои оној помеѓу Хјустон Рокетс и Минесота Тимбервулвс, во кој домаќините победија со резултат 122:104 и обезбедија пласман во следното коло од плејофот. Торонто Репторс со победа против Вашингтон Визардс стигнаа до предност од 3-2 во серијата, додека Расел Вестбрук и Оклахома Сити Тандер одиграа одличен натпревар и не дозволија да бидат елиминирани од Јута Џез, победувајќи со 107:99.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе