НБА: Незапирливиот Дурент го донесе Голден Стејт на чекор до нова титула

Синоќа во Кливленд се одигра третиот натпревар од финалната серија во НБА лигата помеѓу екипите на Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс, а во него гостинскиот тим оствари победа и дојде на само еден, последен чекор до титулата.

Тимот на Голден Стејт Вориорс беше поуспешен од оној Кливленд Кавалирс и победи со резултат 110:102, со што го зголеми водството во финалната серија на 3-0.

Во натпревар во кој Стеф Кари и Клеј Томпсон постигнаа помалку поени од Џеј Ар Смит, логично беше друг играч на Вориорс да ја преземе диригентската палка. Токму тоа го направи Кевин Дурент, кој беше незапирлив и вечерта ја заврши со 43 поени, 13 скока и 7 асистенции. Останатите стартери на актуелниот шампион завршија со двоцифрен број поени, меѓу кои Стеф Кари постигна 11 поени, додека Дрејмонд Грин, Џавел Мекги и Клеј Томпсон постигнаа по 10.

На другата страна повторно гледавме сосем очекуван перформанс од Леброн Џејмс, кој забележа уште еден трипл-дабл учинок со 33 поени, 10 скока и 11 асистенции. Кевин Лав во ограничена минутажа од само 31 минута забележа 20 поени и 13 скока, додека Родни Худ конечно доби шанса од клупата и постигна 15 поени, надополнети со 6 скока.

Следниот натпревар се игра вечерта од петок према сабота и тој би можел да биде последен во серијата, со оглед на фактот дека на Вориорс им фали само една победа за да ја освојат титулата.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Кошарка

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Read more

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Read more

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе