Кошарка

НБА: Нов пораз на Кливленд во серија, Леброн Џејмс бесен на соиграчите

13. јануари 2018 - 10:49 | К.З.

Вчерашната НБА програма ни понуди 9 интересни натпревари, а најмногу внимание привлече пресметката помеѓу Индијана Пејсерс и Кливленд Кавалирс, каде ланскиот финалист доживеа уште еден изненадувачки пораз.

Индијана Пејсерс успеа да надокнади дефицит од 20 поени и се избори за победа против Кливленд Кавалирс со резултат 97:95.

Кавалирс никако да фатат форма, а тензиите помеѓу играчите и тренерската екипа како да се зголемуваат, па пред неколку дена Леброн Џејмс се „испука“ на целата екипа, и тоа пред камерите.

Тој вчера имаше 27 поени, 8 скока и 11 асистенции, но имаше поддршка од само еден играч во екипата – Кевин Лав, кој постигна 21 поен и фати 10 скока.

Екипата на Пејсерс со тимска кошарка успеа да дојде до победата, а најдобри поединци беа Дарен Колисон и Ленс Стивенсон. Колисон постигна 22 поени, додека Стивенсон имаше 16 поени и 11 скока од клупата.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Јута Џез 99:88

Вашингтон Визардс – Орландо Меџик 125:119

Атланта Хокс – Бруклин Нетс 105:110

Милвоки Бакс – Голден Стејт Вориорс 94:108

Минесота Тимбервулвс – Њујорк Никс 118:108

Њу Орлеанс Пеликанс – Портланд Трејл Блејзерс 119:113

Денвер Нагетс – Мемфис Гризлис 87:78

Феникс Санс – Хјустон Рокетс 95:112

Коментирај