НБА: Нов рекорд за Кари, нова победа за Голден Стејт

Синоќа се одигра вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата, помеѓу тимовите на Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс. Домашниот тим лесно одговори на предизвикот, а Стеф Кари постави уште еден рекорд, со кој го доближи неговиот тим до титулата.

Тимот на Голден Стејт Вориорс на домашен терен стигна до победа против Кливленд Кавалирс со резултат 122:103, и со тоа поведе со 2-0 во финалната серија.

Синоќешниот дуел донесе нов НБА рекорд на Стеф Кари, кој уфрли 9 тројки во еден натпревар, за првпат во историјата на лигата. Досегашниот рекорд го држеше Реј Ален, кој во финалната серија со Бостон Селтикс успеа да уфрли 8 тројки. Кари го заврши мечот со 33 поени и 8 асистенции, а многу ефикасен натпревар одигра и Клеј Томпсон, кој шутираше со 61% успешност од поле и забележа 20 поени.

Кралот Џејмс повторно беше клучниот играч на Кливленд и најдобар играч на теренот, па тој го заврши натпреварот со 29 поени, 9 скока и 13 асистенции. Тоа сепак не беше доволно за неговиот тим да оствари победа, бидејќи остатокот од екипата играше многу лоша одбрана и немаше доволно енергија за офанзивно да парира на дрим-тимот на Голден Стејт. Ова финале полека го разбуди Кевин Лав, кој и вчера забележа дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скока.

Наредниот натпревар се сели во Кливленд, а ќе се одигра вечерта од среда према четврток.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Read more

Кошарка

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Read more

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Read more

Лејкерс во проблеми пред плејофот: Дончиќ и Ривс го пропуштаат почетокот на серијата

Read more

Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот

Read more
 

Спорт

Ливерпул потврди: Екитике ќе отсуствува до јануари 2027 година

Читај повеќе

Во судир со воз загина голманот Алекс Манингер

Читај повеќе

Интер го потврди останувањето на Киву

Читај повеќе

Новиот тренер на Интер Мајами е голем пријател на Меси

Читај повеќе

Конечна одлука: Иран ќе игра на Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Винисиус и Белингам се скараа на натпреварот против Баерн?

Читај повеќе

Арбелоа пред отказ: Кој би можело да го замени на клупата на Реал?

Читај повеќе

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Читај повеќе

Сан Марино пишува историја: Конечно состави сениорска женска репрезентација

Читај повеќе