НБА: „Новиот“ состав на Тимбервулвс победува со леснотија

Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА лигата и тие донесоа многу возбуда за љубителите на добрата кошарка. Приказната на вечерта беше натпреварот помеѓу Тимбервулвс и Пеликанс – двата конкуренти за плејоф позиција во Западната конференција.

Тимот на Минесота Тимбервулвс стигна до триумф на домашен терен против Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 107:100.

Откако си замина Џими Батлер, составот на Минесота Тимбервулвс изгледа ослободен од товарот и притисокот кој со себе го носеше ветеранот. Неговото заминување отвори простор за Карл-Ентони Таунс и Ендру Вигинс да покажат што знаат, а и двајцата синоќа одиграа одлични натпревари.

Таунс беше најдобриот поединец на Тимбервулвс во синоќешниот натпревар против Пеликанс. Тој забележа 25 поени и 16 скока, а беше и непогрешлив од линијата за слободни фрлања. Неговиот соиграч Вигинс шутираше неефикасно, но сепак стигна до 23 поени, додека Џеф Тиг додаде 14 поени и 14 асистенции.

Предводник на тимот на Пеликанс беше Ентони Дејвис, како и обично. За 40 минути на теренот тој забележа 29 поени, 11 скока и 4 блокади, но тоа не беше доволно победа, иако имаше солидна поддршка од стартната петорка.

Останати резултати:

Орландо Меџик – Филаделфија Севентисиксерс 111:106

Вашингтон Визардс – Кливленд Кавалирс 119:95

Бостон Селтикс – Чикаго Булс 111:82

Њу Џерси Нетс – Мајами Хит 107:120

Торонто Репторс – Детроит Пистонс 104:106

Милвоки Бакс – Мемфис Гризлис 113:116

Оклахома Сити Тандер – Њујорк Никс 128:103

Далас Маверикс – Јута Џез 118:68

Феникс Санс – Сан Антонио Спарс 116:96

Лос Анџелес Лејкерс – Портланд Трејл Блејзерс 126:117

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе