НБА плејоф: Портланд направи брејк против Денвер

Серијата помеѓу Хјустон Рокетс и Голден Стејт Вориорс ги „краде“ насловните страници од овогодинешниот плејоф, но работите само што станаа далеку поинтересни во другата полуфинална серија помеѓу Портланд Трејл Блејзерс и Денвер Нагетс.

Составот на Портланд Трејл Блејзерс дојде до гостинска победа против Денвер Нагетс со конечен резултат 97:90.

Главната ѕвезда на тимот од Портланд, Демијан Лилард, имаше лоша шутерска вечер, а кога се случува тоа, обично неговиот тим многу тешко доаѓа до победа. Случајот беше поинаков синоќа. Иако Денвер доминираше во неколку аспекти од натпреварот, сепак Портланд подобро ги искористуваше своите шанси и стигна до победа.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Си Џеј Мекалум со 20 поени, а Енес Кантер забележа 15 поени и 9 скока. Лилард го заврши мечот со 14 поени, 4 скока и 4 асистенции, но шутираше 5/17 од поле, што не смее да се повтори доколку сака да го однесе неговиот тим во конференциското финале.

Никола Јокиќ забележа дабл-дабл од 16 поени и 14 скока, а на тоа додаде и 7 асистенции. Џамал Мареј повторно беше неефикасен со шутот од поле и постигна само 15 поени, а Малик Бизли од клупата постигна 13 поени.

Вечерва на програмата е дуелот од полуфиналето на Источната конференција помеѓу Филаделфија Севентисиксерс и Торонто Репторс.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе