НБА: Победничката серија на Селтикс запре во Мајами

Дури 14 натпревари беа на програмата вчера вечерта во НБА лигата, а фановите кои останаа будни до подоцна можеа да го проследат поразот на Голден Стејт Вориорс од Оклахома Сити Тандер, како и крајот на победничката серија на Селтикс.

Бостон Селтикс беа запрени на патот кон 17-та победа по ред во Мајами, од тимот на Хит, кој полека дава знаци дека може да се врати во формата од вториот дел од минатата сезона.

Кајри Ирвинг со 23 поени не можеше да му помогне на тимот на Селтикс и тие го претрпеа само третиот пораз во сезоната. Од другата страна, Горан Драгиќ и Дион Вејтерс одиграа одлични натпревари, постигнувајќи 27, односно 26 поени и ја донесоа победата за тимот на Мајами Хит со резултат 104:98.

Кевин Дурант се сретна со неговиот поранешен тим Оклахома Сити Тандер, но беше поразен и му остави простор на Расел Вестбрук да се радува во уште една психолошка војна со крилниот играч на Вориорс. Конечниот резултат беше 108:91 во корист на Оклахома.

Најдобар на мечот беше Расел Вестбрук, постигнувајќи 34 поени, а притоа додаде и 10 скока и 9 асистенции. Кај Вориорс разочараа Грин и Томпсон, кои заедно постигнаа 15 поени.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Вашингтон Визардс 129:124

Кливленд Кавалирс – Бруклин Нетс 119:109

Филаделфија Сиксерс – Портланд Трејл Блејзерс 101:81

Атланта Хокс – Лос Анџелес Клиперс 103:116

Њујорк Никс – Торонто Репторс 108:100

Хјустон Рокетс – Денвер Нагетс 125:95

Мемфис Гризлис – Далас Маверикс 94:95

Минесота Тимбервулвс – Орландо Меџик 124:118

Њу Орлеанс Пеликанс – Сан Антонио Спарс 107:90

Феникс Санс – Милвоки Бакс 107:113

Јута Џез – Чикаго Булс 110:80

Сакраменто Кингс – Лос Анџелес Лејкерс 113:102

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе