НБА првак истепа момче на улица, се правда дека нема врска со расизам

САД се соочуваат со насилни протести откако Афроамериканецот Џорџ Флојд невооружен беше убиен од полицаец, што ги разгоре меѓурасните тензии во земјата.

Во вакво време, се случи инцидент во кој е вмешан НБА првакот Џ.Р. Смит, кој е Афроамериканец. TMZ објави снимка на која се гледа како кошаркарот брутално тепа момче на улица и го удира со клоци.

Веднаш откако беше објавено видеото, Смит сам го објави на Story преку својот Instagram профил и побрза да се објасни како дошло до инцидентот во кој тепа момче од бела раса.

URL

Имајќи ја предвид актуелната состојба и револтот на граѓаните поради полициската бруталност кон Афроамериканците, тој истакна дека расата на момчето нема врска со инцидентот.

„Сакам да знаете, пред да го видите ова сра*е на друго место. Еден од овие мали бели се*ковци не знаеше на кај тера и ми го скрши стаклото на камионетот. Ова е во станбена населба, нема продавница. Ми го скрши прозорецот, го фатив и му го исплескав га*ето. Ова не е злосторство од омраза, немам никакви проблеми со никого, ниту пак некој има проблеми со мене. Проблемот е во зае*аниот систем. Овој се*ко ми го скрши прозорецот и јас му го исплескав га*от“, се изјасни Смит.

Во НБА лигата Смит помина 14 сезони, а играше со Леброн Џејмс во Кливленд, каде дојде во 2014 гдина и ја освои титулата во 2016.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе