Кошарка

НБА: Сан Антонио Спарс паднаа во Хјустон

13. март 2018 - 9:12 | К.З.

Тимот на Хјустон Рокетс изгледа самоуверен и одлучен да ја задржи првата позиција во Западната конференција, а со тоа и во НБА лигата севкупно. Синоќа пред домашната публика тие го совладаа тимот на Сан Антонио Спарс.

Џејмс Харден, Крис Пол и останатото друштво од тимот на Хјустон Рокетс изглегоа како победници од мечот против Сан Антонио Спарс, со конечен резултат 109:93.

Како и обично, токму Харден беше најдобар поединец во тимот на Хјустон Рокетс, со 28 поени, 6 скока и 6 асистенции, а притоа ги погоди сите 14 слободни фрлања. Крис Пол беше исклучително ефикасен од поле и погоди 8 од 11 шута, за на крајот да заврши со 18 поени и 9 асистенции.

Составот на Сан Антонио Спарс беше уште еднаш многу ослабнат, а дел од лигата и го осуди Грег Попович поради неговата одлука да ги одмара дел од стартерите, додека играчи како Дени Грин добија многу ограничена минутажа. Најефикасни во тимот беа Брин Форбс и Дерик Вајт со по 14 поени.

Останати резултати:

Мемфис Гризлис – Милвоки Бакс 103:121

Оклахома Сити Тандер – Сакраменто Кингс 106:101

Портланд Трејл Блејзерс – Мајами Хит 115:99

Коментирај