НБА: Сезоната на Кари е во опасност по новата повреда на коленото

Вчерашната вечер во НБА лигата донесе многу изненадувања, позитивни и негативни, кои можеби ќе бидат пресудни за понатамошниот тек на сезоната. Фаворитите не дозволија изненадувања и рутински ги завршија нивните обврски.

Голден Стејт Вориорс на домашен терен обезбедија победа против Атланта Хокс, со резултат 106:94.

Не е изненадувачки фактот што Стеф Кари беше најефикасен во тимот на Вориорс со 29 поени, туку загрижувачка за тимот од Оукленд е неговата повреда на коленото, поради која мораше да го напушти мечот уште во третата четвртина. Кари го истегна коленото откако неговиот соиграч Џавел МекГи падна на неговата нога неконтролирано. Кошаркарот на актуелниот шампион денеска ќе оди на снимање за да се провери сериозноста на повредата.

Торијан Принс беше најдобар поединец на гостите од Атланта, со 20 поени и 4 скока. Солиден беше и германскиот плејмејкер Денис Шродер, кој мечот го заврши со 16 поени и 7 асистенции.

Останати резултати:

Индијана Пејсерс – Лос Анџелес Клиперс 109:104

Вашингтон Визардс – Денвер Нагетс 100:108

Кливленд Кавалирс – Феникс Санс 120:95

Њујорк Никс – Минесота Тимбервулвс 104:108

Торонто Репторс – Бруклин Нетс 116:112

Чикаго Булс – Милвоки Бакс 105:118

Оклахома Сити Тандер – Мајами Хит 105:99

Сан Антонио Спарс – Јута Џез 124:120

Портланд Трејл Блејзерс – Бостон Селтикс 100:105

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе