НБА: Старата гарда на Спарс го победи шампионот Голден Стејт

Четири натпревари беа на програмата на НБА лигата синоќа, а плејоф битката дополнително се вжешти откако сите тимови кои досега губеа во сериите вчера остварија победи. Во Сан Антонио се одигра четвртиот меч од серијата против Голден Стејт, каде домашниот тим излезе како поуспешен на крајот на вечерта.

Тимот на Сан Антонио Спарс беше поуспешен од тимот на Голден Стејт Вориорс со резултат 103:90, и со тоа успеа да намали на 3-1 во серијата која се игра до четири победи.

Во отсуство на главната ѕвезда Кавај Ленард, тимот на Сан Антонио цела сезона го предводи Ламаркус Олдриџ, а ништо поразлично не беше ни вчера, кога тој забележа 22 поени и 10 скока и ги погоди сите шутеви за три поени (3/3). Од голема помош му беше и ветеранот Ману Џинобили, кој од клупата постигна 16 поени и беше фантастичен во четвртата четвртина, кога мечот беше најнеизвесен.

На противничката страна се издвои Кевин Дурент, кој забележа 34 поени и 13 скока, но шутираше лошо за три поени, погодувајќи само 4 од 13 обиди од зад линијата. Дрејмонд Грин забележа 18 скока, а му фалеа по еден поен и асистенција за да дојде до трипл-дабл учинок. Земајќи го предвид фактот дека Стеф Кари нема да се врати навреме за оваа серија, нема да биде изненадувачки доколку Спарс ги намачат Вориорс уште на еден натпревар, иако како победник од овој дуел веројатно ќе излезе тимот од Голден Стејт.

Останати резултати:

Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 104:102

Вашингтон Визардс – Торонто Репторс 106:98

Индијана Пејсерс – Кливленд Кавалирс 100:104

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе