НБА: Трет пораз за Вориорс, Дурант повторно во кавга со соиграчите

Синоќешниот распоред на НБА лигата беше исполнет со многу интересни и неизвесни натпревари, но фокусот набрзо се префрли на третиот сезонски пораз на актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс, кој беше одбележан со големата расправија помеѓу двете ѕвезди – Кевин Дурент и Дрејмонд Грин.

Тимот на Голден Стејт Вориорс го забележа само третиот пораз во оваа сезона, овојпат беа поразени од тимот на Лос Анџелес Клиперс преку продолжение со резултат 121:116.

Домаќините од Лос Анџелес го имаа натпреварот под контрола во текот на три четвртини, но ја загубија четвртата четвртина со 9 поени разлика и им дозволија на играчите на Вориорс да се вратат во игра навреме за да го однесат мечот во продолженија. Но, надежта на актуелните шампиони набрзо се урна откако Лу Вилијамс постигна 10 поени во продолжението и му ја донесе победата на тимот на Клиперс.

Вечерта сепак беше одбележана од кавгата помеѓу Дрејмонд Грин и Кевин Дурент околу тоа кој треба да го земе последниот шут во регуларниот период, додека резултатот беше израмнет на 106:106. Грин ја поведе топката со себе и не му ја препушти на Дурент, иако тој упорно го бараше тоа од него. Откако двајцата седнаа на клупата расправијата продолжи, а Клеј Томпсон мораше да биде оној кој ги смирува вжештените глави на двете ѕвезди во клубот. Ова не е првпат Дурент да учествува во кавга со негов соиграч – неговиот темперамент е добро познат уште од времето кога играше за Оклахома Сити Тандер.

Дурент го заврши мечот со трипл-дабл учинок од 33 поени, 11 скока и 10 асистенции, додека Томпсон уфрли 31 поен од 31 шут од поле. Кај победничкиот тим најефикасен беше Лу Вилијамс со 25 поени, а неговиот партнер од клупата Монтрез Херел додаде 23 поени за да ја осигура победата на Клиперс.

Останати резултати:

Вашингтон Визардс – Орландо Меџик 117:109

Мајами Хит – Филаделфија Севентиксерс 114:124

Торонто Репторс – Њу Орлеанс Пеликанс 110:126

Чикаго Булс – Далас Маверикс 98:103

Мемфис Гризлис – Јута Џез 88:96

Минесота Тимбервулвс – Бруклин Нетс 120:113

Оклахома Сити Тандер – Феникс Санс 118:101

Сакраменто Кингс – Сан Антонио Спарс 104:99

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе