НБА ѕвездата и играч на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис, брутално ја претепал сопругата Мишел Вилијамс.
24-годишниот кошаркар бил уапсен во Лос Анџелес поради напад на жена, а подоцна се испоставило дека ја претепал сопствената сопруга. Вилијамс на социјалните мрежи ги покажа своите повреди.
„Жал ми е што дојде до ова, но не можам повеќе да молчам. Дозволив некој да ми го уништи домот, да ме понижува на секој можен начин и да ги трауматизира нашите деца. Нема да дозволам повеќе, но ниту тишината на луѓето околу него кои штитат“, напишала Мишел меѓу другото по тешките повреди со кои се здобила и додава:
„Моите деца заслужуваат подобро. Не сакам никому да му се повтори ова. Тој го направи тоа пред децата кои се преплашени. Јас само сакам мир". Таа беше тешко повредена во бруталниот напад. Скршени ѝ се носот и зглобот, има дупнато ушно тапанче и низа други повреди.