НБРМ: Потрошувачките кредити во подем во 2016 година

Народна банка ги објави најновите оценки за крајот на 2016 година, кој упатуваат на зголемено кредитирање кое е повисоко и од очекувањата.

„Податоците за кредитниот пазар во декември се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор. Кредитните текови во последниот квартал ги надминаа очекувањата, со што и годишната стапка на раст на кредитите од 6,6 отсто е над проектираната“, велат од Народната банка.

За периодот октомври-ноември вкупните кредити бележат мало намалување, додека октомвриската проекција за четвртиот квартал на 2016 година предвидува кредитен раст од 6.192 милион денари, односно од 100,6 милиони евра.

„Во ноември, вкупните кредити на годишна основа се повисоки за 1,3 отсто и се над проекцијата за последниот квартал“, објавуваат од Народна банка.

Заклучно со ноември, граѓаните по сите основи на банките должеле околу 2,1 милијарди евра. Најголем дел од овој долг отпаѓа на потрошувачките кредити.

Кај автомобилските кредити, пак, е забележано забавување, по овој основ вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесува околу 5 милиони евра. На месечна основа забележан е пад од 1,3 отсто, додека пак на годишно ниво за 21,6 отсто, стои во податоците на Народна банка.

„Годишниот раст на вкупните кредити, во најголем дел произлегува од растот на денарските кредити и денарските кредити со валутна клаузула, додека придонесот на девизните кредити се намали“, нотира НБМ.

Во валутната структура, со 3,3 милијарди евра доминираат денарските кредити, а скоро 800 милиони евра се кредити со девизна клаузула. 

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе