Не е лесно да се игра тенис со Јелена Остапенко
Латвиската тенисерка Јелена Остапенко знае како да сервира, во тоа најдобро се увери нејзиниот партнер во микс дабл на Вимблдон, Роберт Линдстед, кого случајно го погоди со топка во главата.
Таа наместо преку мрежа ја заби топката во главата на Швеѓанецот. За среќа, не го повреди. Линдстед брзо закрепна по добиениот удар и со партнерката успешно избори пласман во осмина финалето.