Не е постигнат напредок за учебниците по историја, за Гоце Делчев прашањето не било отворено

Изминатите два дена Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија ја одржа дванаесеттата средба.

На оваа средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, а не била постигната и согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако било на дневен ред.

Според предложениот дневен ред за работа, соопштија денеска од МНР, тема на дискусија биле прашањата поврзани со содржината на Записникот од 10. средба, изготвување на препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите кои произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото и усогласување на текст препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.

„Во однос на прашањата со записникот, членовите на Комисијата го усвоија записникот и беше утврдено во текот на месец март членовите на Комисијата да работат на усвојување на записникот од 11. средба и Годишниот извештај на Комисијата. Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред“, се наведува во соопштението од МНР.

Дискусијата по овие теми, најавуваат во соопштението од МНР, ќе продолжи на следната средба на Комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април 2021 година. 

Тагови
реклама

Баљум Баљум и Тетово велоград

Read more

Австрија ќе испрати 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан

Read more

Кран го донесе огромниот кревет во новата вила на Роналдо

Read more

Комисијата за заразни болести препорача продолжување на рестриктивните мерки

Read more

Македонија

Комисијата за заразни болести препорача продолжување на рестриктивните мерки

Read more

Облачно со повремен дожд и грмежи

Read more

Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината Pfizer

Read more

Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет

Read more
 

Вести

Австрија ќе испрати 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан

Читај повеќе

Америка ја чека пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Читај повеќе

Комисијата за заразни болести препорача продолжување на рестриктивните мерки

Читај повеќе

Облачно со повремен дожд и грмежи

Читај повеќе

Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината Pfizer

Читај повеќе

Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет

Читај повеќе

Филипче: Младиот Иле полека заздравува

Читај повеќе

Костадиновска Стојчевска тврди дека не сторила кривично дело, Битиќи со поддршка: „И јас сум Бисера“

Читај повеќе

СЗО ја продолжува меѓународната здравствена вонредна состојба

Читај повеќе