Не е реално во еден тим да ги имате Меси, Нејмар и Мбапе

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси во последно време сѐ повеќе го поврзуваат со Пари Сен Жермен откако минатото лето пропадна неговиот трансфер во Манчестер Сити.

Неговиот договор со каталонскиот клуб истекува на лето и од почетокот на јануарскиот преоден рок може да преговара за трансфер со други клубови без обештетување. Веднаш по пристигнувањето во клубот, тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино зборуваше за можниот трансфер на Меси.

„Лионел Меси во ПСЖ? Најдобрите во светот се добредојдени во Париз“, одговори Покетино и додаде:

„Ќе ги оставиме гласините настрана. Ова е моја прва прес-конференција, ќе имаме време за такви разговори.“

Барселона оствари шест победи и две нерешени средби на последните осум натпревари во шампионатот, што го подобри расположението на Меси. Добрата форма и резултати може да го натераат Меси да размисли да остане во клубот. Покрај тоа, францускиот новинар Жулјан Лоран во подкастот TransferTalk на Sky Sports изјави дека доаѓањето на Меси на „Паркот на принцовите“ било тешко изводлив подвиг.

„Со оглед на финансискиот фер-плеј и пандемијата и колку тоа влијаеше на ПСЖ и на сите големи клубови, не знам како – и тоа само кога станува збор за плати - во тимот да го имате Нејмар, чија плата е околу 30 милиони евра, Меси со околу 60 милиони годишно и Мбапе, кој според новиот договор треба да има плата како Нејмар“, рече Лоран, додавајќи:

„Само овие тројца би имале вкупна плата од 150 милиони евра секоја година. Финансиски, тоа не е можно, но во ПСЖ велат дека ќе се обидат, иако сметам дека тоа не е реално“.

реклама

Фудбал

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more
 

Спорт

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе