Не е сеедно какви книги читате

Сакате да станете подобра личност? Тогаш не се двоумете да читате книги, бидеќи според резутлатите од ново истражување направено во Лондон, редовното читање може да ве направи подобра и емпатична личност.

Емпатијата е значаен елемент од емоционалната интелигенција. Во истражувањето учествувале 123 учесници кои биле тестирани на различни полиња, меѓу другото и за тоа колку се грижат за чувствата на другите луѓе и дали им помагаат на оние кои им е потребна помош.

Истражувањето е направено од Универзитетот Кингстон во Лондон, а открива дека луѓето кои читаат книги се однесуваат во склад со социјално посакуваните манири во споредба со луѓето кои повеќе сакаат да гледаат телевизија или претстави. Исто така, истражувањето покажало дека љубителите на телевизија се помалку пријателски настроени и се зад читателите на книги кога станува збор за разбирањето на туѓите ставови.

Но, тоа не е така во случај на било која книга. Литературата што ја бираат луѓето е показател на емоционалната интелигенција. Љубителите на фикција  повеќе покажуваат позитивно социјално однесување, додека читателите на драма и романтични романи искажуваат поголема емпатија. Љубителите на експерименталните книги искажуваат можност да ги согледуваат работите од различни перспективи, но на врвот на листата се оние на кои омилен книжевен жанр им е комедијата.

Според авторите на студијата, ова не е докажана причинско-последична врска туку може да значи дека погрижливите луѓе повеќе го сакаат читањето, пренесува Independent.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Читај повеќе

Два трика за побрзо омекнување на путерот од фрижидер

Читај повеќе