Со мерење на пулсот на гледачите додека гледале хорор филмови откриено е кој е најстрашниот.
Тоа е филмот „Hereditary“ од 2018 година.
Експертите за мерење од платформата GIGACalculator пресметаа кои филмови најмногу го зголемуваат бројот на срцеви отчукувања на гледачите, а на прво место беше овој хорор, кој многумина веќе го прогласија за најстрашен досега.
За потребите на „експериментот“, 150 луѓе добија список со хорор филмови што ги гледаа за првпат, а за тоа време тие носеа бројач на отчукувања на срцето за да им се следи пулсот. Филмовите што им беа прикажани беа избрани по истражување во кое учествуваа над 2.500 луѓе.
Додека го гледале филмот „Hereditary“ , бројот на отчукувања на срцето кај испитаниците бил во просек 115, што значително отстапува од вообичаениот пулс.
Остатокот од листата најстрашни филмови го сочинуваат:
Saw (просечен пулс 113)
The Babadook (110)
Insidious (108)
A Quiet Place (106)
The Descent (103)
Us (100)
It (99),
The Conjuring 2 (97)
The Exorcist (96).
Кој хорор ве исплашил најмногу досега? Кажете ни во коментар.