Одамна е познато дека покачениот крвен притисок влијае на функционирањето на мозокот. Новата студија спроведена на Универзитетскиот колеџ во Лондон, покажува дека штетата од покачениот притисок настанува пред да се појаваат симптомите.
Резултатите од студијата во која 500 луѓе се следени уште од нивното раѓање, од март 1946. па до сега, покажува дека високиот крвен притисок е опасен за мозокот во раната зрела доба, од 36 до 53 години.
Кардиолозите велат дека често се случува нивните пациенти да имаат хипертензија која не е пропратена со симптоми, години пред да им се постави дијагнозата. Заради тоа лекарите потсетуваат дека е потребно рeдовно да се мери притисокот.
„Благодарение на групата од доброволци кои целиот свој живот го посветија на учество во ова истражување, резултатите покажаа дека покачениот крвен притисок во триесеттите има влијание на здравјето четири децении подоцна“, велат лекарите кои го спровеле истражувањето.
Мерете го притисокот редовно, а доколку ви е поставена дијагнозата хипертензија, редовно земајте ја терапијата и придржувајте се на советите на лекарите.