Не ја допирај лавицата додека спие
Во кенискиот национален парк Масаи Мара е снимено интересно видео во кое е прикажано како еден лав на неочекуван начин ја буди заспаната лавица, која не му остана должна за тоа.
На снимката се гледа како лавот полека се приближува кон заспаната лавица и ја гризе, на што таа реагира со напад. Водачот на сафарито, 32-годишниот Џошуа Локушу, кој го снимил настанот, вели дека вакво нешто не видел досега во неговата осумгодишна кариера.