Биолошко дете сте на вашите мајка и татко, но сепак по многу нешта не наликувате на нив. Ништо страшно.
Генетиката е нешто налик на рулет: има 30 илјади гени во 46 хромозоми кои секој од нас ги носи, а комбинирањето на истите одлучува како ќе изгледаме.
Но, сите тие гени не доаѓаат баш од родителите, туку од семејното дрво, тоест од сите претци. На пример, доколку имате светла коса, сини очи и имате глас за пеење, а двајцата ваши родители имаат црни коси, кафени очи и немаат слух за музика, не значи дека сте посвоен/а. Едноставно, некои од вашите претци ги имале вашите особини и оттаму сте ги наследиле.
Како и да е, од секој родител се наследуваат по 23 хромозоми, па тие потоа се комбинираат.