Не може децениски проблеми да се решат преку ноќ – ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата за загадувањето и отпадот

Макфакс
/ 13.09.2025 / 12:58

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на СДСМ за загадувањето и управувањето со отпадот, обвинувајќи ја опозициската партија дека додека била на власт не понудила никакви решенија.

„Срамно е СДС да зборува за чист воздух. Тие ќе останат запаметени по тоа што наместо да се фатат за работа, организираа протести, а меѓу нив беа и тогашни министри и заменици министри“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во 2017 година протестите за чист воздух ги поддржувале и тогашните кандидати за градоначалници на СДСМ, а поранешниот премиер Зоран Заев ветил решавање на проблемот со Вардариште – ветување што не било исполнето.

Во реакцијата се спомнува и актуелната кандидатка за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, која доаѓа од Министерството за животна средина, со критика дека не понудила решенија за клучните еколошки проблеми.

„Надлежните сектори се на терен и работат на санирање на проблемот со отпадот. ВМРО-ДПМНЕ тековно работи на решавање на проблемите на граѓаните, но децениски проблеми не можат да се решат преку ноќ“, наведуваат од партијата.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

Read more
 

Ново

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Читај повеќе

Конечно Start мени во Windows 11 какво што отсекогаш сме посакувале

Читај повеќе

Грешки во возењето поради кои автомобилот троши повеќе гориво

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадете ист оброк секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за хоророт Insidious: Out of the Further

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе