Не можете да заспиете дури и кога сте уморни? Постои решение за овој проблем

Квалитетот на сонот зависи од 24-часовниот ритам кој го регулира циклусот на спиење. Дневниот ритам влијае на ослободувањето на хормоните, навиките во исхраната, телесната температура и метаболизмот.

Ако не можете да заспиете дури и кога сте уморни, можно е нешто да ви го нарушило секојдневниот ритам и ослободувањето на хормонот мелатонин, хормон што го произведува епифизата, мала жлезда во средината на мозокот.

Одамна е познато дека мелатонинот е регулатор на дневно-ноќниот ритам и дека неговото лачење зависи од наизменичното менување на денот и ноќта. Мелатонинот се лачи исклучиво и само во текот на ноќта и темнината, а стимулот за лачење е поминување време на сончева светлина. Значи, мозокот мора да ја прими информацијата дека денот завршил и ноќта започнала за да почне да се создава мелатонин.

Изложеноста на вештачка светлина во текот на ноќта и постојаното будење се поврзани со хронични болести како што се дебелина, кардиоваскуларни болести, како и анксиозност и намалено учење и меморија. Познато е дека луѓето што живеат во држави со помалку сончева светлина во текот на зимата имаат повисоки стапки на депресија.

Дали секоја вечер ја поминувате на телефон или гледајќи ја омилената серија која ќе ве заспие? Ако одговорот е „да“, време е да ги регулирате тие навики.

За да го регулирате дневниот ритам, а особено да избегнете проблеми со спиењето, лекарите препорачуваат да се обидете да легнувате секоја вечер во исто време. На овој начин ќе создадете навика, а нашето тело сака навики, бидејќи му помага да одреди кога треба да спие.

Неколку часа пред да заспиете, не треба да користите никаква технологија како што се мобилни телефони, таблети или телевизор. Во текот на денот треба редовно да излегувате надвор, за да ја добиете потребната количина на сончева светлина.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Живот

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Сите заедно ќе трчаме за Кочани!

Read more

Како да препознаете дека мачката ве избегнува и покажува незадоволство?

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more
 

Магазин

Која храна може да го намали ризикот од мозочен удар?

Читај повеќе

Знаци дека на вашата врска ѝ се ближи крајот

Читај повеќе

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Читај повеќе

Наједноставната дневна рутина за согорување масти

Читај повеќе

На која возраст ги чувствуваме последиците од пушењето и пиењето?

Читај повеќе

Сите заедно ќе трчаме за Кочани!

Читај повеќе

Како да препознаете дека мачката ве избегнува и покажува незадоволство?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пилешко во тоскански стил

Читај повеќе

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Читај повеќе